Руските експерти користат суперкомпјутер во потрага по третман за Ковид-19

Вработените во технолошката лабораторија на Московскиот државен универзитет (МДУ) почнаа пресметки на суперкомпјутерот „Ломоносов“ во потрага по лек за новиот коронавирус Ковид-19, соопшти канцеларијата за печат на универзитетот, пренесува „Спутник“.

Според соопштението за медиумите, технологиите што ги користат суперкомпјутерите можат да обезбедат ефикасни алтернативни решенија за проблеми како што е лекувањето на заболувања.

„За многу болести, идентификувани се протеини кои се одговорни за развојот на патологиите. И ако најдеме таков протеин користејќи молекула што селективно се врзува за него во својот активен центар, тогаш развојот на болеста ќе запре“, вели Владимир Сулимов, шеф на лабораторија во МДУ.

Веќе се почнати масовни пресметки на суперкомпјутерот „Ломоносов“, а следниот чекор е да се пронајдат соодветни молекули способни за врзување со целните протеини. Суперкомпјутерот „Ломоносов“ е инсталиран на МДУ во 2009 година и има уникатен систем со најголем опсег на изведба.

Русија во моментот има 7.497 случаи на коронавирус во 81 регион. Од сите нови случаи, 697 се регистрирани во Москва и 69 во Санкт Петербург.

Треба да знаете
Последни објави