Поради пандемијата од коронавирусот, Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека на светот му недостасуваат шест милиони медицински сестри.
ОН заедно со здруженијата „Нега сега” и „Меѓународен совет на медицински сестри” (ИЦН) ја истакна клучната улога на медицинските сестри кои го сочинуваат половина од медицинскиот персонал во светот.
– Медицинските сестри се ‘рбет на секој здравствен систем, изјави претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, потсетувајќи дека медицинските сестри и сега се во првите борбени редови против Ковид-19.
Според извештајот на СЗО, бројот на медицински сестри е нешто под 28 милиони, а за пет години нивниот број до 2018 година порасна за 4.7 милиони.
„Но тоа за уште 5.9 милиони помалку од потребниот број”, пишува во извештајот.
Најмногу медицински сестри недостасуваат во сиромашните земји во Африка, Југоисточна Азија, Блискиот Исток и некои делови од Јужна Америка.