Словенечката Влада реши повторно да е задолжи за да може да им помогне на граѓаните и економијата погодени од епидемијата на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Владата им даде налог на банките да најдат пари за брзо задолжување.
Словенечкиот министер за финансии Андреј Ширцељ најави дека ќе се направат и законски измени, кои ќе и дозволат на земјата поголемо задолжување, а кажа дека се подготвува и ребаланс на буџетот.
Словенија во јануари веќе се задолжи за една и пол милијарда евра. Дел од парите за финансиска поддршка на економијата, што беше дел од т.н. „Мега корона Закон”, беа добиени од Европската централна банка, која на земјата и даде заем од една милијарда евра.