Легендарниот пејач Род Стјуарт (75) ужива покрај море на Флорида пред американските власти да наредат затворање на плажите поради пандемијата на коронавирусот.
Пејачот бил снимен во Вест Палм Бич со неговата сопруга, поранешната моделка Пени Ланкастер (49) и нивните синови Ајден (9) и Алистер (14). Ним им се придружиле и децата на пејачот од неговиот претходен брак, Шон (39) и Руби (33).
Додека децата на Род уживаа во пливање и сурфање, неговата сопруга го привлече вниманието шетајќи на плажата во розова облека, при што и се наѕираа брадавиците, а пејачот уживаше сончајќи се на лежалка.
Минатата недела Род беше виден како купува даска за сурфање со синот Алистер, а по излегувањето од продавницата, двајцата ги дезинфицирале рацете.
Годинава Стјуарт требаше да има голема светска турнеја од јули до ноември, но поради ситуацијата со коронавирусот не се знае што ќе се случи со концертите.