Интегрален текст од видео обраќање на Бојан Стојаноски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
„Државата постои за граѓаните и Македонија во ниеден случај или вонредна околност таа улога не смее да ја заборави. Македонија се соочува со сериозни предизвици: пред се од аспект на здравствената заштита пред епидемијата.
Сега е време да им помогнеме на вистинските херои кои што секојдневно се на првата линија во борбата со вирусо, здравствените работници, докторите, полицијата, армијата.
Но, Македонија се соочува и со сериозен предизвик и од аспект на економијата. Сега е време за Македонија и за подадена рака за сите кои имаат мислење, предлог или идеја како да им се помогне на работниците да си го зачуваат работното место.
Време е за да се слушнат сите идеи како да се спасат бизнисите, малите и средни фирми.
Време е да се понуди помош како да има повеќе за наставниците и професорите, за медиумските работници, за администрацијата, за комуналните работници, културните работници, на оние во турустичкиот сектор, на занаетчиите, продавачите, пазарџиите, градежниците, на сите.
Време е кога мора да се најдат што подобри решенија за невработените лица, лицата во социјален ризик и на сите останати кои имаат потешкотии и во својата работа но и проблем за обезбедување основна егзистенција.
Пoчитувани,
Приклучете се на иницијативата “Вашите проблеми, заеднички до решенија: ЗАТОА ШТО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА”.
Преку електронската пошта „zaednicki.resenija@vmro-dpmne.org.mk“ испратете ни ги вашите но и проблемите на соседот, испратете ни ги вашите мислења, идеи и предлози.
Тука сме да си помагаме еден со друг. Од Вашите пораки, ќе произлезат заеднички решенија за полесно да пребродиме од кризите.
Сега е време да помогнеме на секој и секаде, сега е време за целосна солидарност. Во вакви времиња на криза народот мора да биде слушнат. Тука сме да разговараме и помагаме, да доаѓаме до решенија за сите работи кој што го мачат обичниот човек. ЗАТОА ШТО ЈА САКАМЕ МАКЕДОНИЈА!