Универзитетската клиника за хематологија работи со полн капацитет

ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје соопшти дека во периодот на вонредна состојба предизвикана од ширењето на Ковид-19, работи со полн капацитет согласно препораките за работа на Министерство за здравство.

– Секојдневно се спроведуваат мерки кои имаат за цел заштита и максимална безбедност на пациентите и на медицинскиот персонал, а истовремено одговарајќи на потребите на пациентите преку обезбедување 24 часовен континуиран третман, се истакнува во соопштението на Клиниката.

Клиниката посочува дека во услови кога се соочува со секојдневно зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 вирусот, Министерството за здравство има точно разработена стратегија и распоред за вклучување на кадри од сите специјалности во директно справување со пандемијата.

– Доколку има потреба, стручно-медицинскиот персонал од ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје стои на располагање со целото своето знаење и искуство да помогне. Ги повикуваме сите добронамерни граѓани и организации, во овие тешки моменти да го подржат севкупниот медицински персонал, а не да отежнуваат со создавање паника, страв, и недоверба. Ние го даваме нашиот максимум за да го чуваме и штитиме здравјето на нашите граѓани, понекогаш по цена и на нашето, апелираа од Клиниката.

Треба да знаете
Последни објави