На состанокот со менаџментот министерот оценил дека болницата работи непречено и дека организацијата на работата е добра.
„Откако 18 вработени се дијагностицирани со Ковид-19, направена е реорганизација на работата и сега болницата работи непречено. Од пред неколку денови во поддршка на вработените на инфективното оделение дојдоа двајца лекари од Штип и од Скопје со што капацитетите се задоволени“, информираат од ресорното министерство.
Во кумановската болница има вкупно 700 вработени и покрај оние кои се заболени од коронавирус нема друг персонал кој е во самоизолација.
Директорката на болницата го информираше министерот дека располага со сосема доволен број на заштитна опрема и истата се надополнува постојано.
Министерството за здравство продолжува интензивно да ја следи состојбата во Куманово и доколку има потреба од дополнителна поддршка во однос на ресурси итно ќе реагира.