– Поранешниот американски потпретседател и актуелен кандидат на демократите за претседателска номинација на изборите во САД, Џо Бајден, денеска изјави дека може да се промени начинот на гласање на изборите, но не и терминот за избор на претседателот на САД.
Бајден, кој важи за фаворит кај демократите, денеска изјави дека претседателските избори, закажани за 3 ноември, не треба да се одложуваат заради коронавирусот.
Бајден за телевииајата Ен-би-си зборуваше за можните последици од коронавирусот, па истакна дека заради пандемијата може да се промени начинот на гласање, но не и датумот на изборот.
-Би сакал да може да се гласа лично, но тоа зависи од ситуацијата со пандемијата. Но, не смееме да ги одложуваме или пролонгираме ноемвриските избори, што се уставна обврска, рече Бајден, наведува Политико.
Тој додаде дека претседателските избори морат да се оддржат на 3 ноември, како што тоа од порано беше предвидено.
Настапот на демократскиот кандидат за изборите, на кои ќе му се спротивстави на актуелниот претседател Доналд Трамп, е првиот сериозен говор за потребата од организирање на изборите според поранешниот план. Тој, исто така, говореше и за се поголемата несигурност заради траењето на тешката здравствена криза во САД.
Короната брзо се прошири низ САД и веќе го попречи изборниот прецес во поголем број сојузни држави , каде локалните изборни комисии ги одложија прелиминарните избори и со тоа го пролонгираа инсистирањето на Бајден да обезбеди партиска номинација пред својот главен ривал Берни Сандерс.