Познатиот латино заводник и пејач Енрике Иглесијас и неговата партнерка, пензионираната тенисерка Ана Курникова, на крајот на јануари добија трето дете, девојче по име Мери, а бременоста успеаја да ја сокријат речиси до крај.
Семејството ужива во среќата, а 44-годишниот Енрике на својот профил на „Инстаграм“ сподели еден од радосните моменти од нивниот дом со видео на кое ја држи малата Мери во скут и танцува со неа пред камерата.
https://www.instagram.com/p/B-nQJueBLaX/
На видеото не можеа да му одолеат познатите колеги на Енрике, а во коментарите му се јави и Рики Мартин, со кого треба да оди на голема заедничка турнеја.
Покрај Мери, на која и дадоа руски прекар Маша, Енрике и Ана се родители на близнаците Луси и Николас кои се родени во декември 2017 година. Двојката е заедно уште од 2001 година, обидувајќи се да ги задржат своите приватни животи надвор од очите на јавноста и откривајќи им само дел на своите обожаватели преку социјалните мрежи.