Гутереш в четврток на Советот за безбедност на ООН за пандемијата на коронавирусот

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, ќе го информира Советот за безбедност на ООН в четврток за прв пат, зад затворени врати, за пандемијата на коронавирусот.

Најмоќното тело на ООН е критикувано за нерешавање на глобалната криза предизвикана од болеста Ковид-19.

Советот во минатото се занимаваше со вонредни состојби во јавното здравство во однос на ХИВ и ебола.

Генералното собрание на ООН едногласно ја усвои резолуцијата на 2 април во која се потврдуваат „невидените ефекти“ на пандемијата на коронавирусот и повикува на интензивна меѓународна соработка за борба, ублажување и поразување на болеста Ковид-19.

Резолуциите на Генералното собрание на ООН, кои имаат 193 членки, одразуваат глобално мислење, но не се правно обврзувачки.

Дипломатите велат дека Советот за безбедност, чии резолуции се правно обврзувачки, е поделен помеѓу 10 члена избрани на двегодишен мандат и некои од петте постојани членки – САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина.

Избраните членови вршат притисок врз Гутереш и објавија нацрт-резолуција за пандемијата.

Франција го подготвува својот нацрт со различен текст.

Дипломатите рекоа дека постојаните членови сакаат состанок на нивните лидери пред состанокот на советот и се обиделе да го организираат вчера утро, но не успеале.

Доминиканската Република е претседател на Советот за безбедност овој месец, а нејзиниот портпарол изјави пред медиумите дека в четврток ќе се одржи брифинг со генералниот секретар зад затворена врата.

Треба да знаете
Последни објави