Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, вчера спроведе нови вонредни летови со кои превезе 138 македонски државјани од Лондон Лутон кои немаа можност да се вратат дома поради рестрикциите за патување предизвикани од пандемијата Ковид-19. И новите летови повторно се резултат на блиската соработката помеѓу Wizz Air и Владата. Wizz Air повторно одговори со навремена и брза помош на патниците кои имаа потреба да се вратат дома кај своите сакани, соопшти компанијата.
Првиот лет беше од Скопје до Лондон Лутон, слетувајќи на дестинацијата во 14:15 часот по локално време на 06 Април. Од таму со 138 патници на летот, авионот се врати во Скопје каде слета во 19:00 часот по локално време. Вклучувајќи го и овој лет „Wizz Air“ вкупно дома врати повеќе од 600 македонски граѓани од Хрватска, Малта и Германија. Сите летови беа организирани со Airbus A320 авиони. Wizz Air е посветен да им помага на своите македонски и европски патници. Активностите на авиокомпанијата го претставуваат верувањето на компанијата, а тоа е дека заедничката соработката е единствениот начин да се надминат сите предизвици што ги предизвикува пандемијата Ковид-19, се додава во соопштението.