Шпанските медиуми пренесуваат дека еден од најискусните фудбалери на Барселона, Џерард Пике донел одлука да си замине од „Камп Ноу“ на крајот од оваа сезона. Искусниот 33 годишниот стопер одреден период беше во центарот на вниманието поради наводна кавга со Лео Меси, а и дополнителните проблеми во клубот веројатно ја забрзале неговата одлука за заминување од клубот.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Пике веќе ја соопштил својата одлука на соиграчите. Како можна следна дестинација на заменик капитенот на Барселона се наведува МЛС Лигата. Таму има клубови кои можат да ги задоволат финансиските барања на Шпанецот, а се верува дека тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами засега е најсериозен кандидат за неговиот потпис.