Двегодишната Алејса Б. од Македонија се удавило завчера во канал во близина на семејната куќа во местото Чијано дел Монетело во провинцијата Тревизо во северна Италија, дознава 24 Инфо.
Како што јавуваат тамошните медиуми, трагедијата се случила околу 13 часот, додека Алејса си играла со својата тригодишна сестра во дворот од куќата, кој излегува на каналот низ кој поминува реката Брента.
Во еден момент, најверојатно следејќи неколку патки, девојчето се упатило кон водата и паднало внатре. Иако каналот не е длабок, водата била брза и ја одвлекла 300 метри од местот каде што паднала. Од водата ја извлекол еден од соседите, кој се нурнл во водата, откако некое дете забележало што се случило и повикало помош. Тој се обидел да го спаси девојето, а на веднаш на местото стигнала медицинска екипа со хеликоптер, но било предоцна да го спасат.
Според медиумите, полицијата не се сомнева дека девојчето се удавило, но се истражува дали таткото (21) и мајката (20), но и бабата и дедото може да бидат обвинети за убиство од небрежност бидејќи не внимавале на Алејса и дозволиле таа да се оддлечи од домот и да падне во каналот кој е во непосредна близина. Девојчето паднало токму на местото кое не било оградено.
Соседот Марко Пинчин, чија сопруга и ќерка претходно си играле со девојчињата вели дека го познавал семејството кое пред неколку години дошло од Македонија, а таткото бил локален работник. Сите биле дома кога се случила трагедијата, но најверојатно се занимавале со осумесечното бебе, па го занемариле девојчето кое наскоро требало да наполни две години.