Во Албанија, во последните 24 часа регстрирани се шест новозаразени со коронавирус, од тестираните 182 сомнителни случаи. Бројот на новозаразени денеска е најмал во последните денови, што влева надеж дека состојбата се стабилизира, оценуваат надлежните и апелираат на строго почитување на мерките и препораките на Владата.
-Со новите шест случаи, вкупниот број на заразени се зголеми на 383 од вкупно тестираните 2.753 сомнителни случаи. Во текот на изминатите 24 часа, на списокот на излекувани се додадени уште 15 пациенти, со што бројот на излекуваните од Ковид-19 достигина 131 лице.За жал, починати се 22 лица, изјави Силва Бино од Институтот за јавно здравје.
Таа додаде дека во моментов во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи” во Тирана се хопстализирани вкупно 74 пациенти, 11 од нив се на интензивна нега, додека тројца се интубирани.
Најголемиот број од заразените се од Тирана или 181,Скадар 44 и Драч 38 лица.