„Денес, сите заедно, докторите, медицинските сестри и сите здравствени работници работиме изложени на најголем ризик од инфекција со Ковид-19. Особена чест за секој млад доктор претставува довербата што ни ја дадоа нашите искусни колеги и ни дозволија да се вклучиме со целата наша енергија и стекнато знаење во битката за справување со најтешкиот вид на компликации од коронавирусот.
Посакувам секој млад доктор кој се чувствува спремен да ни се придружи во оваа борба која ни ја приреди невидливиот непријател. Се надевам ќе се справиме со него најуспешно што можеме, ќе ги намалиме загубите во човечки животи и ќе успееме успешно да ги закрепнеме заболените. Ви благодариме на сите за подршката, убавите зборови и надежта што ни ја давате да истраеме и во најтешките мигови кога стануваме исцрпени, беспомошни и разочарани кога губиме човек!
Верувајте во нас, бидете умни и почитувајте ги препораките на здравствените власти. Дозволете да ја исполниме нашата задача за која со љубов учиме и работиме. Затоа, ве молам СЕДЕТЕ ДОМА“ – напиша на фејсбук д-р Виолета Огњанова, специјализант по анестезија, реанимација и интензивно лекување на Светскиот ден на здравјето.