Антиќ не го загуби животниот натпревар од корнавирусот

Во период кога се пребројуваат жртвите од пандемијата со коронавирусот кој го тресе целиот свет, одекана и всета дека животниот натпревар го загубил и прославентиот трофеен тренер Радомир Антиќ, кој во својата кариера меѓу другите ги предовдеше и трите шпански фудбалски гиганити Реал и Атлетико од Мадрид како и Барселона. Заминувањето на 71-годишниот српски стартег могумина  побрзаа да го поистоветуваат како жртва на коронавирусот. Но, веднаш се огласија од Атлетико Мадрид да ја демантираат ваквата информација за причините за смртта на Антиќ.

– Не, Антиќ не почина од коронавирус. Долго време имаше лоша здравствена состојба, но не знам од што почина -изјави портпаролот на Атлетико Мадрид за шпанските медиуми.

Причина за смртта на 71. годишниот стратег е акутен панкреатит, тешка болест која го напаѓа панкреасот и која бара постојано болничко лечење.

Антиќ беше тренерот кој е единствен во светот кој во својата кариера ги предводеше Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Сепак најдлабоки траги остави на „Висенте Калдерон“, каде во  сезона 1995/96 ја освои двојната круна.

Антиќ беше тренер во Атлетико во три наврати, на „Сантијаго Бернабе“ беше во сезоната 1991/92, а во Барселона во сезоната 2002/03.

Треба да знаете
Последни објави