Група делфини утрово се појавиле во Солунскиот Залив (Термаикос), во близина на шеталиштето и Белата кула во Солун, објавија локалните медиуми, а грчката новинска агенција АНА-МПА, коментира дека граѓаните биле пријатно изненадени од глетката.
Граѓаните кои спортувале во тие моменти на шеталиштето, со нивните мобилни телефони го снимиле овој, не толку вообичаен и чест момент во нивниот град, а видеата ги споделија на социјалните мрежи, јави дописничката на МИА од Атина.
https://www.facebook.com/valia.mpatzaka/videos/10221794058385931/?t=0