Станува збор за пациенти од Куманово, Лабуништа (струшко), Челопек (тетовско) и еден од Штип.
Со ова вкупниот број на починати во земјава достигна 25.
Меѓу починатите е 80-годишна жена од Штип, а информацијта за МИА ја потврдија надлежните од Центарот за јавно здравје и Oпштина Штип. Жената која неколку дена се лекуваше на Клиниката за инфективни болести во Скопје, по што ја изгуби битката со коронавирусот, најпрвин беше хоспитализирана на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница.
МИА веќе информираше дека 80-годишната жена беше примена со дијагноза бронохопневмонија, беа направени два теста кои покажаа дека се негативни, но третиот покажа позитивни резултати на Ковид 19.
Вчера официјално до 15 часот беа регистрирани три смртни случаи од Ковид, но градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вчера вечерта изјави дека починале двајца кумановци.