Вчера во 20:45 часот било пријавено дека во Богданци, на улица Страшо Пинџур, С.Г.(33) од Богданци, управувајќи мотоцикл „лифан 50″, со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал.
Во незгодата С.Г. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Гевгелија за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од ОВР Гевгелија.