Државјанинот на Албанија, Л.М.(44) кој беше пронајден мртов во куќа во Кавадарци каде живеел под кирија починал од коронавирус, објави Фокус.
Позитивен бил резултатот од тестот посмртно направен пред три дена. Починатиот извесен период живеел како подстанар во куќа во Кавадарци, а работел како градежник во Штип.
Според последните информации, тој неколку дена бил починат, а откако газдите кај кои живеел не го виделе неколку дена наназад и не им одговарал на повиците, пријавиле во полиција на 5-ти април.