Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради давање водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник 200 мм на булеварот Србија, денеска без водоснабдување од 9 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците на дел од истиот булевар и бензинската станица „Окта“ (општина Аеродром).
Исто така, поради давање водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник 400 мм на булеварот Никола Карев, без водоснабдување од 9 часот до завршување на интервенцијата ќе останат и корисниците од улицата Топаанска и улицата Војдан Чернодрински (општина Чаир).