– Баер Леверкузен го привлече голманот на Кајзерслаутерн Ленарт Грил, соопштија „аспирините” на нивната официјална веб-страница.
Дваесет и едно-годишниот Грил, кој е младински репрезентативец на Германија, потпиша договор до летото 2024 година. Тој е на сила од летото оваа година, а износот на трансферот не е објавен.
– Ова е долгорочен трансфер. Ленарт има многу потенцијал за развој и ние сме среќни што успеавме да го убедиме да не избере, објасни Сајмон Ролфес, спортскиот директор на тимот.