– Во француските болници се регистрирана нови 541 смртни случаи од Ковид-19, со што бројот на починатите од почетокот на епидемијата достигна 10.869 мртви, јави дописникот на МИА.
Генералниот директор за здравство Жером Саломон, давајќи го најновиот биланс од епидемијата, појасни дека во вкупниот број на смртните случаи за изминативе 24 часа, не се вклучени тие од старските домови, поради информатички проблем. Во старските домови од почетокот на епидемијата починале 3.237 лица, бројка која беше дадена вчера.
Во моментов во Франција има 30.375 лица на болничко лекување поради Ковид-19, од кои 7.148 тешки случаи на интензивна нега. Меѓу пациентите на интензивна нега, има 108 млади на возраст од под 30 години.
Од почетокот на епидемијата во болниците биле излекувани 21.254 лица.