Полицискиот час го прекршиле 35 граѓани, 19 приведени

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (7/8.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека текот на изминатите 24 часа  на ниво на целата држава  35 лица  не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.  При извршените контроли од страна на полициските службеници евидентирани се 2 (две) лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.             .

 

Треба да знаете
Последни објави