Холандскиот министер за финансии, Вопке Хукстра денеска изјави дека создавањето на корона-бврзници би направило повеќе проблеми отколку решенија во обид да се обнови економијата откако ќе помине кризата со новиот коронавирус.
„Холадија беше и се уште е против идејата за заеднички еврообврзници (наречени корона-обврзници)”, напиша Хукстра на својот Твитер профил откако европските министри за финансии не успеаја да се договорат за заедничко економско решение на кризата.
Европската комисија претходно ги предупреди министрите за финансии во еврозоната дека економијата на монетарната унија може да се намали до десет проценти оваа година.
Германскиот и францускиот министер за финансии ги повикуваат сите европски земји да не се откажуваат од решавањето на тешките финансиски проблеми и да направат добар компромис за сите граѓани.