Во Словенија се потврдени 35 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Изминатите 24 часа се направени вкупно 1.214 тестирања. Вкупниот број на инфицирани лица сега изнесува 1091.
Од сите инфицирани болнички се лекуваат 111 пациент, а од нив само 35 се на одделите за интензивна нега.
Од Ковид-19 во земјата до сега починаа 40 луѓе.
И понатаму критична е ситуацијата во домовите за стари лица каде има поголем број заразени пензионери и медицински персонал. Во Домот за стари лица – Љутомер, се земени уште 15 бриса, а три биле позитивни. Таму вкупно се заразени 53 лица од кој, 45 пензионери и седум вработени.