Јапонската економија е на пат да ги намали рекордните 25 проценти во овој квартал и покрај владиниот пакет мерки објавен вчера за решавање на последиците од коронавирусот, кои влијаат на потрошувачката и на растот на компаниите. Ова е предвидено во извештајот на инвестициската банка Голдман Сакс (Goldman Sachs), објавен денеска.
Според експертите на инвестициската банка, извозот ќе падне за 60 проценти во периодот меѓу април и јуни.
Намалувањето на третата по големина светска економија би било најголемо, откако се води статистика за бруто домашниот производ (БДП) од 1955 година, се наведува во документот.