Директор на сплитска болница со брза помош префрлил пациент бидејќи возачот се исплашил да превезува заразено лице

Старата народна поговорка вели дека на маката се познаваат јунаците. А тоа го потврдил  на дело директорот на сплитската болница д-р Јулиј Мештеровиќ, кој со својот потег ги собрал симпатиите од своите сограѓани во овие тешки мигови кога се бие битката со коронавирусот.

Како што пренесува „Слободна Далмација“, возачот на санитетското возило одбил да превезува пациент за кого постоело сомнеж дека е  заразен од корнавирусот. Бидејќи возачот се исплашил и не сакал да си ја заврши својата работна задача во овое тешки мигови, на сцена стапил директорот Мештеровиќ.

Најпрво на полноќ го побарал дежурниот лекар во сплитската брза помош и го прашал како се облекува заштитното одело (скафандер), а потоа седнал зад воланото од возилото на брзата помош и го префрлил пациентот. На крајот од излегло дека пациентот бил болен од атипично воспаление на белите дробови, но потегот на д-р Мештеровиќ никого не остоавил рамнодушен.

 

Треба да знаете
Последни објави