Еден повреден во пожар во Градската палата во Берлин

Пожар избувнал претпладнево во Градската палата во центарот на Берлин, соопшти Пожарникарската служба на германскиот главен град на Твитер, пренесува ДПА.

Пожарот го зафатил покривот на зградата.Според првите сознанија, можно е еден дел од катранскиот потпокрив да експлодирал и го започнал пожарот. Едно лице е повредено во инцидентот и му била пружена лекарска помош.

Полицијата отфрла каква било намера зад пожарот, но рече дека истражителите ќе ги разгледаат причините за пожарот откако ќе го изгаснат.

Треба да знаете
Последни објави