Гага рече дека парите се собрани за седум дена и дека ќе бидат испратени до Светската здравствена организација (СЗО), пренесува АП.
По тој повод ќе биде организиран „Еден свет: Заедно дома“, виртуелна телевизиска манифестација со која би им се оддало признание на здравствените работници за помошта во пандемијата на коронавирусот.
Емисијата ќе се емитува истовремено на ABC, NBC, CBS и HeartMedia и Bell Media на 18 април во 20 часот.
Домаќини на ТВ-специјалот ќе бидат американските ТВ-презентери Стивен Колбер, Џими Фалон и Џими Кимел, пренесува „Денес“.
„Треба да раскажуваме приказни и да ја славиме заедницата што е во првите редови – здравствените работници“, рече Лејди Гага преку видеоповик за време на прес-конференцијата на СЗО кога беше најавен настанот и додаде:
„Сакаме да укажеме на сериозноста на ова досега невидено историско културно движење и сакаме да ја славиме и да ја охрабриме моќта на човечкиот дух“.