Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем, Жозе Мурињо одлучил да почне со неофицијални тренинзи. Тој заедно со тројца играчи е „уловен“ во еден парк како тренираат. Со овој потег Мурињо и неговите избраници ја прекршува забраната за групирање на луѓе на јавни места.
Од клубот ги предупредија да не ја прекршуваат изолацијата, а ако веќе излегуваат од дома, да ги почитуваат правилата и препораките за справување со пандемијата. Идејата да се излезе во парк и да се тренира била на Мурињо, па може да се соочи и со казна.
Фудбалерите кои биле со Мурињо најверојатно се Танги Ндомбеле, Давинсон Санчес и Рајан Сесењон, додека настрана од нив, е забележан и Серж Орие како трча со уште еден човек.