Фејсбук објави нови мерки за борба против дезинформациите на Ватс-Ап, додека на овие мрежи се шират лажни вести за „Ковид-19″, дека наводно, го предизвикува 5-Г мрежата и дека се лекува со оцет.
Корисниците отсега ќе можат да ја проследат пораката само до еден пријател, за да се ограничи протокот на веста.
„Знаеме дека корисниците пренесуваат и корисни податоци, смешни видеоснимки, размисли и молитви коишто им се важни… Сепак, забележавме и значаен пораст и на споделувањето лажни вести”, соопштуваат од компанијата.
Ватс-Ап често го критикуваат како алатка за поттикнување лажни вести кои понекогаш водат и до трагичен исход. Во Индија, на пр. 2018 година лажна информација за киднапирање деца предизвика побуна и линч.
Потоа следеше ограничување на споделувањето – со најмногу пет корисници одеднаш. Тоа доведе до 25-отстотно намалување на проследените пораки во цел свет.
Но, приватноста во комуникацијата технички го отежнува разоткривањето на ширењето теории на заговор околу коронавирусот, 5-Г мрежата и слично. Во цел свет се шират лажни „алтернативни” начини за лекување на коронавирусот, а во Велика Британија беа уништени неколку 5-Г антени и приемници.
„Тие идеи не само што се неосновани, туку и им штетат на луѓето и компаниите што зависат од нашите услуги”, реагираа викендов четири британски телеком-оператори во отворено писмо.
Светската здравствена организација и најмалку 20 министерства за здравство го користат Ватс-Ап за информации за пандемијата.