Болничкото лекување на коронавирус во САД може да чини од 42.486 до 74.310 долари, што секој поединец без осигурување би морал да плати, доколку не се усвоеше пакетот за помош од 2.000 милијарди долари за санирање на последиците од вирусот, од кој ќе бидат покриени трошоците на болниците.
Според податоците на агенцијата ФАИР, која се занимава со договори за најповолна цена за лекување, 73.310 американски долари би ги покриле трошоците за шестдневен престој во болница.
Советниците за здравствено осигурување сметаат дека е добро што тестирањето е бесплатно и дека оние со поблаги симптоми можат да останат дома и да користат онлајн услуги за лекување.
Полесно заболените имаат на располагање здравствен телефон или медицинска сестра 24 часа со кои работодавачот или здравственото осигурување имаат склучено договор, што заштедува пари и време за одење до лекарска ординација.
ФАИР наведува дека просечната такса за услуги за лекување преку телефон е околу 43 американски долари за оние без осигурување. Осигурителните компании таа услуга ја наплаќаат 34 долари за пет до 10 минути консултации, а осигурениот пациент ќе мора да го плати остатокот.
Во САД околу 30 милиони луѓе немаат здравствено осигурување. Пред една недела беше објавено дека за две недели 10 милиони луѓе останале без работа.