Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07),
13 април 2020 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.