Врховниот суд во Грција ја отфрли жалбата, со која се бара да се укине забраната на верските служби за време на велигденските празници.
Судиите на Државниот совет соопштиле дека неодамна објавените мерки за забрана на присуство на верските служби, како дел од мерките во ограничување на движењето во борбата против коронавирусот, се во јавен интерес.
Во Грција 81 лице почина од коронавирус, а властите тврдат дека досега ограничувањата се покажале како ефикасни.
Заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас изјавил дека тие напори би можеле да бидат загрозени, доколку Грците престанат да бидат внимателни за време на Велигден, кој во оваа држава се одбележува на 19 април.