Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов
„Граѓаните на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на Заев и СДСМ. Залудно Костадин Костадинов лаже од партиската говорница. Во ек на епидемија Владата на СДСМ дозволи околу 15.000 граѓани само од угостителски сектор да останат без работа.
Илјадници граѓани нема да земат плата за март, месец во кој буџетот и економијата се уште „блескаше“, па владата не успеа и покрај предупредувањата да донесе мерки и да ги заштити граѓаните кои сега останаа без работа.
Заради рестрикциите на движењето, редовите пред маркетите и банкоматите се се поголеми, а метеж и турканици има на секој чекор. Жителите на поголемите градови велат дека надлежните институции мора да го решат овој проблем, не само вината да ја префрлаат на граѓаните.
Најтрагично е што бројот на починати и заболени секој ден се зголемува. Медицинскиот персонал со натчовечки напори се бори за секој живот, но изостанува навремено и обмислено менаџирање со кризата.
Сега не е време за лаги и собирање политички поени. ВМРО-ДПМНЕ повикува СДСМ да престане да танцува со епидемијата, туку да се фати за работа, бидејќи ситуацијата им излегува од контрола.“