Англискиот актер и продуцент Хју Грант (59) и неговата поранешна партнерка актерката Елизабет Харли (54) останаа најдобри пријатели две децении по нивното раскинување.
Тие беа во врска 13 години, и до ден денес останаа блиски пријатели и се поддржуваат во сите работи во животот.
Грант и Харли се запознале во 1987 година на снимањето на филмот „Rowing With the Wind“, и наскоро станале двојка.
https://www.instagram.com/p/BvykUhSgH1T/
По осум години врска, актерот бил фатен со проститутка на „Сансет стрит“ во Лос Анџелес, полицијата го уапсила, а неговите фотографии ги објавиле таблоидите од целиот свет.
Сепак, тоа не ја уништило нивната врска, тие останале заедно уште пет години. Во тој период се ширеле гласови дека Хју и натаму ја изневерува Елизабет, но тие истакнале дека ги надминале сите недоразбирања и дека тоа не била причината за нивното раскинување.
Харли и Грант се разишле во 2000 година, но за разлика од другите двојки, нивното раскинување не било проследено со големи скандали. Напротив, тие и денес тврдат дека се слушаат секој ден и дека се најдобри пријатели.
https://www.instagram.com/p/BVxGE6hA6Vx/
„Таа е мојата најдобра пријателка, прво неа и се јавувам кога ми е тешко“, рече Хју, пет години по паузата.
Поранешната двојка разговара за сè во животот, а Харли вели дека го прашува за сите совети.
Актерот е и кум на синот на Елизабет, Дамијан, кој го доби со Стив Бинг. Харли, од друга страна, е кума на ќерките на Хју.