Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов изјави дека сите оние кои го прекршуваат законот во битката со пандемијата од коронавирусот треба да се казнат, па и тренерот на ЦСКА од Софија, Милош Крушчиќ кој со своите двајца асистенти и најмалку шестмина играчи излегле да тренеирата во кампот. Бугарската влада забрани собирање на отворен простор додека трае пандемијата. Дел од фудбалерите на ЦСКА почнале да тренираат и со тоа ги прекршиле донесените мерки од бугарската влада.
Снимките од тренингот се појавија во неколку бугарски портали.
-Ако фудбалските клубови тренираат тогаш треба да бидат казнети – изјавил Борисов.
Фудбалската сезона во Бугарија ќе биде прекината најмалку до 13 мај.