„Авалон продукција“ најавува дека мартовските концерти коишто беа одложени поради актуелната состојба со коронавирусот, ќе бидат презакажани со нови датуми, а концертот на култните „Електрични оргазам“ ќе има и нова локација.
Славеничкиот концерт на „Оргазам” ќе се одржи на отворено и тоа на 24 јуни на стадионот на АРМ, еден ден пред фестивалот Скопје Гори на кој ќе настапат легендарните Placebo.
„Електрични оргазам“ ќе настапат на голема бина и уште поголема продукција, со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд.
Сите оние што имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за концертот на 24 јуни.