Мал број компании во Велика Британија успешно добија пристап до финансиската помош на Владата за справување со економските последици од коронавирусот, додека многу повеќе засега не успеваат, покажа студија објавена денеска.
Трговската комора на Велика Британија соопшти дека еден процент од компаниите успешно аплицирале според шемата за заеми, а осум проценти навеле дека не успеале.
Други седум проценти истакнуваат дека користеле владини грантови за мали бизниси, но двојно повеќе велат дека не успеале. Фирмите, кои не успеале успешно да добијат пристап до владината помош, како причина ја наведуваат сложеноста на процесот и бавната реакција.