Неколку лица загинаа во племенски судир околу спорно земјиште во авганистанската источна провинција Нангархар што се случил вчера, соопштија локалните власти.
Борбите избувнале меѓу две племиња кои живеат во округот Дур Баба и областа Назјан за земја за која се спорат жителите на двете племиња – Шикхан и Хусеин Каил.
Најмалку шест мажи од племињата загинале, а околу 20 други биле повредени, соопштија локалните власти. За бројот на загинатите има различни податоци, па така според друг извор починале 12 лица.