Бројот на заразени со новиот коронавирус во Европа надмина 687.000, а над 62.000 лица починаа.
Ова го изјави денеска на брифинг во Копенхаген, пренесуван во живо преку Фејсбук, директорот на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
– Според податоците пристигнати до утрово, регистрирани се 687.236 случаи (на инфекција). Со жалење информираме дека починале 62.824 луѓе, рече тој.