Сириската армија откри големо количество муниција на милитантите во областа на селото Кан ал-Сабил во провинцијата Идлиб, пренесува „Спутник“.
„Пред еден месец, нашата армија ја ослободи оваа област. Работата почна веднаш, војниците почнаа да бараат остатоци од милитантите за да можат жителите од оваа област да се вратат”, вели Хаду Јасер, полковник во инженерскиот одред на сириската армија.
Селото се наоѓа веднаш до автопатот М5 што ги поврзува Дамаск и Алепо. Во еден од бункерите е откриено складиште за муниција со десетици рачни гранати, американски анти-персонални мини, детонатори, импровизирани експлозивни направи и самоубиствен појас.