На 07.04.2020 во 14.48 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, пред крстосницата за село Лисолај, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(43) од Битола и патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(55) од с.Лесково, Демир Хисар.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.С. и сопатничката од истото возило К.С.(36) од Демир Хисар, а возачот С.Ј. се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.