Италијанското издание на популарниот магазин „Ванити фер“ има историска насловна страница на која се наоѓа италијанско знаме со пресек во средина, што претставува рана, но и пукнатина.
На дното на насловната е хаштагот – Италија сме ние.
https://www.instagram.com/p/B-rS25IgnTL/
„Насловната страница е креирана од уметникот Франческо Везоли, делото ќе биде продадено на аукција, а приходот ќе биде дониран воа добротворни цели за борба против коронавирусот. Ова е трета насловна на овој месечник посветена на пандемијата на коронавирус“, рече уредникот Симоне Маркети.
Нобеловците, филозофи, режисери, претседатели на најважните италијански ланци на снабдување, заедно со поети, уметници и дизајнери – сите се обединети во овој број за да нè доближат до светот што нè чека по вирусот. Априлското издание се занимава со економската криза што ќе дојде по здравствената во која сега се наоѓа светот.