Комитетот за спречување тортура и нечовечно или понижувачко постапување или казнување на Советот на Европа (КПТ), во извештајот објавен денес, бара од Грција да ги „отстрани структурните проблеми што особено предизвикале постојано и лошо постапување кон затворениците, пренатрупаност во затворите и недостигот на персонал, јави дописникот на МИА..
КПТ признава дека има некои подобрувања од последната посета во 2015 година, но забележа дека многу основни проблеми се се уште присутни меѓу кои и полициско малтретирање што станува „вообичаена практика низ цела Грција”.
Пренатрупаноста на затворите до 140 отсто во два затвора, „сериозни недостатоци на медицинската нега”, зголемување на нивото на насилство и заплашување меѓу затворениците, понекогаш под влијание на надворешни банди: „премногу затвореници продолжуваат да бидат затворени во услови што претставуваат навреда на човечкото достоинство “, се само дел од забелешките на КПТ.
Општо, извештајот ги повикува грчката влада, парламентот и судството да ја направат приоритетна „рехабилитацијата на затворскиот систем”