На 08.04.2020 околу 16.30 часот во СВР Скопје, З.К.(62) од Скопје пријавил дека околу 15.45 часот на улица Нерешка, по претходна расправија околу сообраќајот, бил физички нападнат од непознато лице.
При тоа му било оштетено патничкото возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот син Д.К.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.