– Поранешниот албански
претседаател Бујар Нишани, кој по завршување на
функцијата многу ретко се јавува со коментари за одредена
актуелна состојба во земјата, попладнево со подолга објава
на Фејсбуј ја обвини актуелната Влада дека ги лаже
албанските граѓани со реалната бројка на починати од
Ковид-19.
Според него, владата ги смета како жртви само оние кои го
губат животот во болница, но не и оние кои умираат во
приватни болници или во своите домови.
При тоа наведува,како што вели, проценти на смртност во
однос на заразени, обработени врз основа на податоците
објавени синоќа од Светската здравствена организација.
„Ако процентот на смртни случаи во однос на заболените во
Хрватска е 1,4 отсто, во Црна Гора 0,8, во Србија 2,4, во
Косово 2,7, во Босна и Херцеговина 4,2, во Грција 4,3 а
во Северна Македонија 4,8 отсто, во Албанија тој процент
е 5,5 отсто. Јасно се гледа дека Албанија има највисок
процент на смртност од досега заразените лица,- напиша
Нишани.
Додава дека не можело да се случи поинаку, кога власта
наместо да ги искористи сите средства, механизми,
овластувања, моќ да им помогне на граѓаните со брзина и
според потребните стандарди, мислела само на крадење и
корупција со тендери дури и во време на пандемија.
„И во време на пандемија, владата не само што лаже, туку
ги ограбува Албанците и преку коруптивни тендери”,
констатира Нишани.
Според денешните податоци на Министерството за здравство во земјата бројот на заразените изнесува 409, односно девет случаи повеќе од вчера. Од вкупната бројка 165 се излекувани, додека починале 22 лица.