Приведени 62 лица за прекршување на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (8/9.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава  97  лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 62 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници при извршените контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирани се 2 (две) лица кои не ја почитувале мерката .

 

Треба да знаете
Последни објави