Европските берзи растат четврти ден по ред на очекувањата дека пандемијата на коорнавирусот наскоро може да го губи здивот.
Вниманието на инвеститорите, истовремено, е фокусирано на состанокот на министрите за финансии од ЕУ, чие продоложение е закажано за денеска, а на кое ќе стане збор за дополнителните финансиски мерки за поддршка на економиите во Унијата.
Паневропскиот индекс СТОКС 600 нарасна за 1,5 отсто и е на пат, во скратената берзанска недела пред Велегденските празници, да забележи раст од 5,0 проценти, јавија британските медиуми.
Акциите на компаниите од патничкиот и туристичкиот сектор, како и од банкарскиот и индустријата за осигирување, кои беа меѓу најтешко погодените од ефектите на коорнавирусот, скокнаа меѓу 2,2 и 4,6 отсто.
Растот на референтниот индекс на СТЅОКС 600 во превод значи дека досега ја повратил пазарната вредност за околу 1,7 билиони долари, и тоа од март кога се намали до својот осумгодишен минимум. Тој, меѓутоа, и натаму е за околу 24 отсто послаб во однос на својата рекордна вредност, бидејќи вонредната состојба ширум Европа ја згасна стопанската активност и придивижи масовни отпуштања од работа.
Глобалните пазари на акции, исто така, неделава се засилија, што во еден дел се должи на незабележените фискалани и монетарни поттикнувања на многу светски земји со цел да се ублажи ударот на здравствената криза врз економијата .
Министрите за финансии подоцна денеска треба да ги продолжат преговорите за пакетот мерки за економнска поддршка, вреден половина билион евра, а, исто така, се очекува и светските производители на нафта денеска да постигнат договор за намалување на производството, што ќе предизавика раст на акциите на енергетските компании за 1,1, процент, дополнија британските медиуми.